Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за утре најавуваат сончево и топло време со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има услови за појава на нестабилност проследена со дожд, грмежи и засилен ветер, а ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец.

За време на викендот и почетокот на следната седмица под влијание на топла воздушна маса времето ќе биде сончево и топло. Температурата насекаде ќе биде над 30 степени, а наместа ќе достигне до 39 степени.
Во вторник ќе се задржи топло време, но ќе има зголемување на облачноста со услови за пороен дожд.
Во среда ќе има мал пад на температурите и ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.

