ХИГИЕНИЧАРИ СЕ БАРААТ СЀ ПОВЕЌЕ, а просечната плата им се намалила?!
Актуелно

ХИГИЕНИЧАРИ СЕ БАРААТ СЀ ПОВЕЌЕ, а просечната плата им се намалила?!

25. 06. 2026.

Зад секој чист влез, уреден ходник и функционална станбена зграда стои бизнис што се развива во сенка на градежниот бум. Одржувањето на хигиената минатата година обезбедило работа за повеќе од 3.100 лица и генерирало приход од речиси 47,3 милиони евра. Но, додека компаниите отвораат нови работни места и заработуваат повеќе, платите во секторот бележат пад.

Податоците на Бизнис Мрежа за 227 фирми покажуваат дека лани во оваа дејност се отвориле и се пополниле дополнителни 257 работни места, а годишната промена изнесува 8,92 насто. Истовремено, просечната плата се намалила за 2,22 насто, односно загубила малку повеќе од 500 денари.

КАЈ ДЕСЕТТЕ НАЈГОЛЕМИ РАБОТОДАВАЧИ РАБОТАТ ДВЕ ТРЕТИНИ ОД ВРАБОТЕНИТЕ

Од анализата на Пари може да се воочи висока концентрација на работната сила. Десетте компании со најмногу вработени ангажираат вкупно 2.193 лица. Тоа, пак, претставува речиси 70 насто од вкупниот број вработени во дејноста.

Споредено со претходната 2024 година, овие компании ја зголемиле бројноста на потребниот кадар за 20,36 насто, или за 371 лице.

Со екипа од 419 вработени најголем работодавач е Серта, а потоа следат Ланд-сервис со 350 и Хаузмајстор фасилити со 262 вработени. Особено се издвојува последната фирма, каде што бројот на работници рапидно се зголемил од 41 на 262. Процентуалниот раст достигнал високи 539 насто и е без конкуренција меѓу компаниите на листата.

Целата анализа прочитајте ја на: pari.com.mk