Дополнително, компаниите нема да смеат да ги прашуваат кандидатите колку заработувале на претходното работно место. Вработените, пак, ќе имаат право да побараат информации за сопствената плата и просечните примања на колегите на иста или работа со еднаква вредност.
Иако рокот за примена истече во јуни 2026 година, најголем дел од земјите-членки сè уште доцнат со усогласувањето на националните закони. Досега целосно го завршиле процесот само Италија, Литванија, Малта, Словачка и Грција.
Во Германија, Франција, Холандија, Данска, Финска, Хрватска и други земји законските измени сè уште се подготвуваат или се очекуваат во текот на 2027 година. Шведска дури побара и одложување на примената.
Правилата предвидуваат и обврски за поголемите компании да известуваат за родовиот јаз во платите. Ако се утврди необјаснета разлика од најмалку 5%, ќе следува дополнителна процена на платите.
Целта на Брисел е едноставна – платата да стане потранспарентна, а „еднаква плата за еднаква работа“ да не остане само на хартија.
