Според податоците на Државниот завод за статистика, жените во Македонија во 2024 година заработувале просечно 12% помалку од мажите. Граѓански организации, пак, проценуваат дека кога ќе се земат предвид образованието, искуството и видот на работата, јазот достигнува до 28%.
На ниво на ЕУ, родовиот јаз во платите во 2024 година изнесувал 11,1%, додека глобално се проценува на околу 20%.
Една од причините за разликите се структурните и општествените бариери со кои се соочуваат жените. Истражувањата покажуваат и дека жените во Македонија имаат помала веројатност да добијат зголемување на платата, дури и кога подеднакво често бараат покачување.
И покрај децениските напори за „еднаква плата за работа со еднаква вредност“, целосна платежна рамноправност сè уште не е постигната.
